ВТА
Шок во Дубаи: Радукану го прекина мечот откако здогледа човек што ја прогонува на трибината (Видео)

Ема Радунаку доживеа навистина непријатно искуство на турнирот во Дубаи, откако некогашната шампионка на Ју-Ес Опен беше приморана да го прекине мечот поради едно лице на трибината.
По одиграни два гејма во првиот сет, Британката го прекина мечот и отиде да разговара со главната судијка, а откако на истата и кажа дека на трибината има човек кој ја прогонува со денови, почна да плаче на теренот.
Оваа неверојатна и невидена ситуација во поновата историја на тенисот предизвика да видиме револт и кај противничката Каролина Мучова, која брзо дотрча до Радукану во обид да и даде поддршка за шокантните моменти.
По реакција и барање на Радукану, прогонувачот беше изнесен од трибините и приведен во полиција, па сега службените лица од Дубаи ќе имаат работа во наредните неколку дена.
Инаку, по немилиот настан, Радукану го продолжи мечот и загуби со 7:6 и 6:4, а на заминување од Дубаи испрати и порака до сите свои симпатизери.
– Ви благодарам на пораките за поддршка. Имав тешко искуство вчера, но сега сум добра и горда сум на тоа што го доиграв мечот. Благодарност до Каролина која ми даде голема поддршка, и посакувам се најдобро до крајот на турнирот, – порача Радукану на социјалните мрежи.
Emma Raducanu's fright when she realizes that a man who had approached her the day before in a public place in Dubai was attending her match against Muchova.
The man was fortunately arrested and banned from all WTA events.pic.twitter.com/63jdBNQb8V
— We Are Tennis (@WeAreTennis) February 19, 2025
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија24 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија18 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија21 час
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП19 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација15 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства6 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)