Поврзете се со нас

Германија

Шок во Дортмунд: Стоперот на Борусија се вратил на подготовки со 110 килограми, клубот му поставил ултиматум (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/BVB

Никлас Суле до неодамна беше стандарден германски репрезентативец и составен дел од националниот тим, но лошата форма и шокантните слики кои ги понуди на крајот од минатата сезона направија воопшто да не биде прозиван од Јулијан Нагелсман.

По направениот трансфер од Баерн Минхен во Борусија Дортмунд, се очекуваше Суле да се врати на вистинскиот пат, меѓутоа реалноста покажа дека стоперот има проблеми со формата, но и со прекумерното јадење надвор од теренот.

Сликите од подготовките за големото финале во Лигата на шампионите ги зачудија фановите и сите беа шокирани од физичкиот изглед на Суле, но наместо тоа да се поправи, ситуацијата само ескалирала.

Како што информира „Билд“, дефанзивецот пристигнал на подготовките на Борусија со тежина од 110 килограми, по што сега е ставен под посебен режим на исхрана, иако постои опција и да биде продаден.

Директорите Ларс Рикен и Себстијан Кел го предупредиле Суле и му посочиле дека не може да продолжи по патот кој го фатил, па ангажиран му е и личен тренер со цел да контролира колку калории и протеини внесува во текот на денот.

Суле има договор со Борусија до 2026-та година, но доколку ситуацијата не се промени во наредните два месеци, нема да чуди ако биде продаден во летниот преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни