Поврзете се со нас

НБА

Шок од Солт Лејк Сити: Милојевиќ доживеал срцев удар и итно бил пренесен во болница (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/warriors

Дејан Милојевиќ е познат српски стручњак и од пред три години е помошник на Стив Кер во Голден Стејт, а во период кога тимот минува низ навистина тежок период, Србинот води животна борба во изминативе неколку часа.

Како што јавуваат сите угледни медиуми од нашиот северен сосед, 46-годишниот Милојевиќ доживеал срцев удар вчеравечер во Солт Лејк Сити, по што итно бил пренесен во болница, каде ургентно му била извршена и операција.

„Спорт Клуб“ открива дека на Милојевиќ му се слошило додека вечерал во ресторан во Солт Лејк Сити, од каде експресно бил пренесен во најблиската болница и му била пружена лекарска помош.

Во навистина лошата и непријатна ситуација, единствена добра вест е тоа што лекарите успеале да го стабилизираат Србинот, а повеќе детали се очекуваат од самиот клуб во текот на денот.

Голден Стејт има подготовки за натпреварот со Јута Џез кој се игра утре рано наутро, па останува да видиме во каква состојба ќе бидат играчите после шокот со нивниот помошен тренер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни