Поврзете се со нас

Англија

Шок од Ливерпул: Клоп заминува од „Енфилд“

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп нема да биде менаџер на Ливерпул по крајот на оваа сезона, објави денеска премиерлигашот.

Шокантната вест ги изненади фановите, а Клоп се обиде да ја објасни со изјава за официјалната интернет страница на клубот.

– Му ја соопштив одлуката на клубот уште во ноември.

– Знам дека во моментов ќе предизвикам шок кај многу луѓе, но ќе се обидам да ја објаснам одлуката.

– Обожувам се што е поврзано со клубот, градот и навивачите, но сепак мислам дека одлуката која ја донесов е правилна.

– Почувствував дека веќе немам енергија, долго знаев дека еден ден ќе мора да го соопштам ова, но сакам сите да ја знаат вистината поради почитувањето кое го имаат кај мене, – изјавил Клоп.

Германецот беше назначен за менаџер во 2015 година и имаше договор со Ливерпул до 2026 година.

Под водство на Клоп, освои титула во Премиер лигата и Лигата на шампионите, Европскиот Суперкуп, Светското клупско првенство и во ФА и Лига купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни