Поврзете се со нас

Франција

Шок од Франција: Поранешен играч на Хетафе и Марсеј ненадејно почина на 35 години (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/OM_Officiel

Француските медиуми со големо жалење пренесоа една тажна вест за Абделазиз Барада, а за жал истата многу брзо беше потврдена и од клубовите чии бои ги бранеше во својата кариера.

Некогашниот марокански репрезентативец се прослави како играч на Хетафе во Ла Лига и верните фанови на шпанскиот фудбал ги паметат деновите кога постигнуваше голови против Реал и Атлетико, но 11 години од неговиот последен настап во Примера, сега пристигна една шокантна и неочекувана вест.

Барада е пронајден мртов во Франција на 35-годишна возраст, а како што јавуваат угледните медиуми од оваа земја, најверојатно причина за смртта е срцев удар.

Офанзивниот играч за врска својот последен професионален ангажман го имаше пред три години, но претходно настапуваше и за Марсеј каде мина две сезони.

Убедливо најзапазен беше во Хетафе каде настапуваше од 2010-та до 2013-та година, период во кој редовно го носеше дресот и на својата национална селекција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни