Шок на „Вембли“: Тотенхем и Борусија ги изрежираа најлошите 13 секунди во историјата на ЛШ (Видео)

kane-borusija

Тотенхем успеа да го скрши проклетството на „Вембли“ и конечно успеа да добие еден натпревар на овој стадион во Лигата на шампионите, и тоа откако синоќа победи над Борусија Дортмунд која имаше недоволен одговор со ремек-делото на Јармоленко.

Англискиот премиерлигаш победи со 3:1 благодарение на двата гола на Кејн и оној првиот на Сон, но покрај одличните фудбалски моменти, двата силни тима приредија и една шокантна сцена на најпознатото фудбалско здание на Островот.
Сите постигнати погодоци останаа во сенка на едно префрлање кое се случи на средината на теренот, а кое на социјалните мрежи експресно го доби епитетот „најлоши 13 секунди во историјата на Лигата на шампионите“.

Топката беше во воздух десетина секунди безидејно, а оваа фудаблска хорор сценна заврши со нокаут за еден од дефанзивците на Борусија, и тоа добиен од свој соиграч.

Facebook Коментари