Поврзете се со нас

Германија

Шок на „Алијанц арена“: Вердер го победи Баерн после цели 16 години (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Вердер Бремен последен пат го победи Баерн Минхен во далечната 2008-ма година, а требаше да чека цели 33 натпревари и речиси 16 одиграни сезони за да оствари нов триумф над баварскиот великан.

Баерн влезе како апсолутен фаворит против тимот кој немаше ниту една победа на гостински терен од стартот на сезоната, но избраниците на Томас Тухел целосно потфрлија и му направија голема услуга на Баер Леверкузен.

Баварците не изгледаа најсвежо и имаа по некоја шанса при резултат 0:0, но откако не поведоа, следеше целосен шок на „Алијанц арена“ со голот на Вајзер кој режираше ремек-дело во 59-та минута.

Вердер успеа да постигне гол и во првиот дел и тоа беше најава за лошата поставеност на Баерн, но тој погодок беше поништен поради фаул во напад.

После примениот гол во вториот дел, Баерн имаше повеќе од половина час да се врати во игра, па иако се обиде на било каков начин да го направи тоа, играчите на Тухел се соочија со неверојатно расположениот Цетерер.

Голманот на Вердер правеше чуда на голот, а најдобар беше интервенцијата кога му одбрани зицер на Тел за 1:1. Благодарение на него, Вердер се одбрани до 95-та минута, по што следеше големо славје за гостите кои првпат го победија Баерн после цели 16 години.

По овој пораз, Баерн има дури седум бода помалку од разиграниот Баер Леверкузен, па битката за титулата станува се потешка за германскиот првак.

Мајсторијата на Вајзер погледнете ја ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни