Поврзете се со нас

Лига на нации

Шок и прекин во Амстердам: Член на унгарскиот тим колабираше на „Јохан Кројф арена“ (Видео)

Објавено

на

Натпреварот меѓу Холандија и Унгарија стартуваше на најлош можен начин, бидејќи во моментите кога истекуваше 7-та минута, судијата Хил Мансано мораше да го прекине мечот.

Причина за тоа беше алармантната ситуација која се случи на гостинската клупа, каде членовите на унгарскиот тим побараа итна лекарска интервенција.

Еден од помошниците на унгарскиот селектор колабираше на теренот и загуби свест на клупата за резерви, па откако падна на земја, мораше да биде и реанимиран.

Останатите членови од унгарскиот стручен штаб направија круг за да не се гледаат немилите сцени преку ТВ преносот, а откако му беше укажана лекарска помош, асистентот беше испратен во болница.

Иако застрашувачкиот момент донесе и сомнежи околу продолжување на мечот, после десетина минути истиот беше продолжен, а Вут Вегхорст брзо погоди за 1:0.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни