Шмит ја доби шутерската битката со Сагосен, Норвешка избори пласман на СП

andy-smit

Вториот натпревар од баражот за ракометното СП меѓу Швајцарија и Норвешка мина во знакот на најголемите ѕвезди на двете селекции, а заврши со резултат 33:30, кој беше доволен за скандинавската селекција да обезбеди место на мундијалот во Данска и Германија (победа на првата средба со 32:26).

Енди Шмит постигна дури 12 голови во мрежата на норвешката селекција, додека на спротивната страна, Сандер Сагосен реализираше 11 погодоци и ги предводеше Норвежаните до уште еден пласман на завршница на големо натпреварување.

Судии на средбата која се играше во Цуг беа македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Facebook Коментари