Поврзете се со нас

Свет

Шмид ја презема швајцарската репрезентација порано од предвиденото

Објавено

на

Енди Шмид се прости од настапите за швајцарската репрезентација на последното Европско првенство, а еден месец подоцна е промовиран за нов селектор на Швајцарија.

Веќе најавениот епилог се случи порано од предвиденото, па Шмид ќе биде задолжен за националниот тим и на пријателското соочување со Данска, како и во баражот за место на СП со репрезентацијата на Словенија.

Федерацијата претходно најави дека Шмид ќе ја преземе функцијата од 1. јули, но со досегашниот селектор Михаел Сутер е донесена одлука за негово повлекување уште месецов и преземање на селекторското место од Шмид.

Асистенти на Шмид во швајцарската репрезентација ќе му бидат Томас Цимерман и Милош Чучковиќ.

Легендарниот ракометен бек има договор со федерацијата до ЕП 2028, кое Швајцарија ќе го организира заедно со Шпанија и Португалија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни