Шмелцер ја откажа Аталанта, Арсенал со пораз во осмифиналето на ЛЕ (Видео)

shmelczer

Аталанта водеше речиси цел натпревар против Борусија Дортмунд, но Германците успеаја по врнежливото време во Сасуоло да извлечат реми и да го обезбедат пласманот во осминафиналето на Лига Европа.

Толои уште во 11. минута донесе предност за домаќините, а гостите се радуваа во 83. минута кога Шмелцер израмни и ги постави конечните 1:1 кои беа доволни за „милионерите“ да обезбедат место во следната рунда.

Арсенал загуби од Остерсундс на домашен терен (1:2), но поради триумфот во Шведска со 3:0 сепак избори пласман во осминафиналето. Стрелец на единствениот гол за „топчиите“ беше Колашинац.

Пласман во следната рунда обезбедија и Милан, Олимпик Марсеј, Салцбург и Атлетик Билбао.

Facebook Коментари