Поврзете се со нас

Англија

Шмајхел со жестоки критики за ѕвездата на Јунајтед: Тој ништо не прави…

Објавено

на

Foto:instagram.com/pschmeichel1

Манчестер Јунајтед не успеа да го совлада составот на Галатасарај иако на средбата во Истанбул на двапати водеше со два разлика и тоа 2-0 и 3-1 за да на крајот му дозволи на домаќинот да дојде до 3-3.

Овој резултат, настап донесе големи критики за менаџерот Ерик Тен Хаг и неговите избраници затоа што сега премиерлигашот нема ништо во свои раце и може да испадне од Лигата на шампионите, но и комплетно од европските купови.

Питер Шмајхел како поранешен ас на Јунајтед дефинитивно сака да гледа како оваа екипа победува, има успеси, ама засега тоа не е случај, па Данецот како никогаш досега испрати жестоки критики и тоа на адреса на Антони Марсијал кој влезе во второто полувреме на местото на Расмус Хојлунд.

-Кога имате предност од 2-0 – и не е прв пат да имаме 2-0 на овој турнир – ја убивате играта. Погрижете се другиот тим да не може да влезе во натпреварот. Ја чуваш топката, се грижиш да не грешиш – многу грешки беа направени.

-И се разбира, треба да се гледаат и играчите како кога Хојлунд излезе, голем притисок исчезна од првата линија. Момчето (Марсијал) што го стави (Тен Хег) не направи ништо, каде што претходно те имале некој што работел навистина, навистина напорно за тимот, одеднаш го немаш тој притисок.

-И тоа му дава на другиот тим многу можности да ја додаде топката наоколу. Значи, има многу, многу работи што можете да ги погледнете, но, повторно, ако постигнете толку голови, очекувате да имате повеќе од еден бод, -истакна славиот голман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни