Поврзете се со нас

Англија

Шмајхел со херојска интервенција во 87. минута го одбрани трофејот на Лестер (Видео)

Објавено

на

Лестер за првпат во својата клупска историја стигна до трофејот во ФА Купот, откако денеска во големото финале го победи фаворизираниот Челси со минимални 1:0.

Погодокот на Јури Тилеманс кој беше во најмала рака спектакуларен направи најголема разлика на семафорот, но во самата завршница, кога Челси со сите сили притисна по израмнување, мора да се нагласи и херојското издание на Каспер Шмајхел.

Синот на легендарниот Питер со години наназад ја воодушевува јавноста и беше дел од тимот кој ја освои историјата титула во Премиер лигата, а денеска беше на висина на задачата кога неговите соиграчи најмногу имаа потреба од тоа.

Челси израмни на 1:1 преку Чилвел, но тој гол беше поништен поради офсајд, но само две минути претходно (во 87), сите ја видоа топката во гол, освен Шмајхел.

Мејсон Маунт испрати силен удар со левата нога, но Шмајхел се фрли како пантер и со извонредна интервенција спречи израмнување и ја одбрани титулата на Лестер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни