Англија
Шмајхел со директна порака до фановите: Ако го сакате Јунајтед…

Легендарниот голман на Манчестер Јунајтед, Петер Шмајхел, повторно ја анализирал ситуацијата во клубот и испратил јасна порака до фановите на премиерлигашот.
Слабите резултати ја разнишаа довербата во Ерик тен Хаг, но Данецот смета дека клубот и секој што го сака мора да застане зад менаџерот.
– Ова е време кога мора да бидеме обединети и да застанеме зад менаџерот, да му овозможиме да го надмине овој период.
– Не сме ја освоиле Премиер лигата по заминувањето на Алекс Фергусон, некои менаџери ќе кажат дека имале добри резултати, но факт е дека не го развија тимот и не го одведоа во подобра позиција. Резултат на тоа е ова што го гледаме денеска.
– Ако го сакаме Јунајтед, мора да застанеме зад него, на дуелот со Њукасл нашите фанови пееја дека ќе биде отпуштен следниот ден, но тоа не е начин на кој се дава поддршка за нашиот клуб.
– Сите во светот зборуваат за тоа дека Манчестер Јунајтед не игра на потребното ниво, ако беше некој друг клуб, немаше да добие толку многу простор и во медиумите. Ако сме на врвот на светот во однос на актуелноста, тоа не е лошо. Но, тоа бара и голема ментална сила кај тренерите и фудбалерите во насока на надминување на ситуацијата, – вели Шмајхел.
-
Германијапред 16 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 18 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 22 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Светпред 16 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Англијапред 15 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ