Поврзете се со нас

Англија

Шмајхел смета дека Халанд е олицетворение на две легенди во еден напаѓач: Трпението е најголем квалитет

Објавено

на

Питер Шмајхел е голема фудаблска легенда која со години го бранеше голот на Манчестер Јунајтед, но и покрај тоа што му е тешко да прави анализа за еден меч по пораз на „ѓаволите“ од 6:3, сепак се обиде да биде максимално објективен во пофалбите кон убиствениот голгетер на „граѓаните“.

Ерлинг Халанд го запиша својот трет хет-трик во Премиер лигата и стигна до 14 погодоци на осум одиграни средби во анлгиската елита, бројки кои едноставно не можеа да ги замислат ниту најголемите оптимисти пред неговото пристигнување во тимот на Пеп Гвардиола.

Халанд докажува дека е машина за постигнување голови и во најсилното англиско друштво, со што само ги поби убедувањата дека досега имал лесни задачи во првенства како австриското и германското.

– Трпението е најголемиот квалитет кој може да го поседува еден напаѓач, а тоа го има Халанд. Играв против најобрите напаѓачи во светот, тие се најопасни кога ќе исчезнат од теренот, кога нема да ја допрат топката подолго време. Во тие моменти, голманите мора да бидат најконцентрирани, – анализира Шмајхел кој смета дека Халанд е олицетворение на две легенди во еден напаѓач.

– Кога го гледате Халанд, гледате повеќе играчи. Дава голови како Златан Ибрахимовиќ, но има примеси и на Кристијано Роналдо. Во него гледам повеќе врвни напаѓачи во едно и затоа е толку опасен, – додава Питер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни