Поврзете се со нас

Англија

Шмајхел се понуди да му помогне на Јунајтед, Карагер го „пецна“, па Данецот му одговори (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед влезе со високи амбиции во оваа сезона, но по лошите резултати раководството одлучи да се раздели со тренерот и воедно легенда на клубот Оле Гунар Солскјер.

Местото во Солскјер привремено го зазема Мајкл Керик кој имаше победничко деби и со тимот славеше над Вилјареал во Лигата на шампионите. Во јавноста пак продолжуваат да кружат имиња за тоа кој би бил нов предводник на „црвените ѓаволи“, многу стратези се споемнуваат, меѓутоа нема ништо конкретно.

Секако луѓето кои во минатото оставиле трага во Јунајтед сакаат да му помогнат на клубот, а таков е и Питер Шмајхел кој го чуваше голот на овој тим во периодот од 1991 до 1999 година. Тој беше запрашан од Мика Ричардс дали би седнал на жешкото столче до крајот на годината на што Данецот одговори потврдно, ама во исто време беше испровоциран од Џејми Карагер.

-Сериозно, Питер, дали би ја прифатил работата ако ти ја понудат до крајот на сезоната, -праша Мика.

-Би направил се за тој клуб. Секако дека би. Би им помогнал на кој било начин, -рече Питер на што Карагер го пецна.

-Нели ти потпиша за Манчестер Сити, -рече Џејми со што предизвика смеа во студиото.

-Што е денеска со тебе? Знаете што е навистина интересно: откако вашиот клуб [Ливерпул] освои една титула во Премиер лига… одеднаш почнавте од горе да гледате кон нас, -порача Данецот кој играше за „граѓаните“ во сезоната 2002-2003 која беше воедно последна во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни