Поврзете се со нас

Англија

Шмајхел прежали уште еден играч на Јунајтед: Тој ќе биде совршен за Ајакс

Објавено

на

foto:x.com/ManUtd

Кристијан Ериксен е блиску до 100-от настап како играч на Манчестер Јунајтед, па иако се очекува да го достигне убавиот јубилеј, иднината на Данецот не е тесно поврзана со великанот од „Олд Трафорд“.

Ериксен не се совпаѓа во фудбалскиот систем на Рубен Аморим кој бара многу побрзи и поенергични фудбалери, а бидејќи договорот му истекува на крајот на оваа сезона, веќе почнаа да се појавуваат гласини за негов трансфер во Ајакс.

Данецот својата блескава европска авантура ја започна токму во Амстердам, па во ситуација кога постои голема веројатност да го облече дресот на „копјаниците“, со став на таа тема се јави и Питер Шмајхел.

– Трансфер во Ајакс ќе биде одличен чекор за Ериксен. Тој е искусен игач за врска и поседува фантастична техника. Во денешно време, во Премиер лигата се бараат брзи играчи кои спринтаат цело време, а истовремено, на Ериксен не му одговара ниту начинот на кој игра тимот на Аморим.

– Ериксен ја нема потребната енергија и брзина во оваа фаза од кариерата, но тој и натаму е одличен фудбалер. Се уште е добар на топка и поседува техника, па затоа би бил совршен за Ајакс, – потенцира Шмајхел.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни