Англија
Шмајхел пред емотивна разделба со Лестер, се сели во друго првенство

Каспер Шмајхел е пред емотивна разделба со Лестер и неговите фанови, напуштајќи го клубот по дури 11 години.
Данскиот голман на 35-годишна возраст решил да прифати нов предизвик и наредните години ќе го чува голот на Ница.
Шмајхел се наметна како еден од најдобрите голмани во Премиер лигата, а беше и дел од генерацијата која ги шокираше великаните и ја освои титулата под водство на Клаудио Раниери.
Ница ќе плати симболични 1 милион евра за потписот на Данецот, а тој се обврзал на тригодишна верност кон францускиот прволигаш.
Шмајхел има 284 настапи во Премиер лигата, а на 83 од нив не примил гол.
Искусниот голман ќе му се приклучи на Арон Рамзи, уште еден искусен фудбалер кој потпиша за Ница изминатиот период.
-
Формула 1пред 10 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Шпанијапред 11 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 10 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 13 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 12 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Светпред 21 час
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!
-
Англијапред 20 часа
Нуњез се огласи и ја испрати првата порака по ударот со глава за црвен картон (ФОТО)
-
Балканпред 9 часа
Репрезентативецот има нов клуб: Тео Симиќ се договори со тимот на Бајиќ