Поврзете се со нас

Европски првенства

Шмајхел не може да се помири со поразот: Срцето се уште ми крвари, со свои очи видов како Стерлинг глуми (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Данска имаше одличен настап на 16. Европско првенство на кое стигнаа до полуфиналето во кое на контроверзен начин загубија со 2-1 од Англија по продолженија.

Данците лавовски се бореа на „Вембли“ се до 104 минута кога судијата Дани Макели се одлучи да покаже на белата точка по еден пад кој го имаше Рахим Стерлинг во шестнаесетникот на скандинавците. И покрај консултатиите со ВАР одлуката остана, Хари Кејн ја презема одговорноста и од „втора“ го совлада Каспер Шмајхел, погодок со кој беше поставен конечниот резултат.

Репрезентативците на Данска се уште не можат да ја преболат таа болна елиминација и за тоа најдобро говори изјавата на голманот Каспер кој направи се на таа средба во Лондон за да неговиот националиот тим излезе како победник.

-Не ми е важно што Италија триумфираше, ама не сакав Англија да победи поради лошото судење со нас во полуфиналето. Срцето се уште ми крвари затоа што со свои очи видов како Стерлинг глуми. Чиста глума. Ако Англија чесно не победеше ќе навивав за Англија во финалето, меѓутоа сега тоа е историја, -порача членот на Лестер Сити.

Се огласи ВАР судијата кој го потврди спорниот пенал над Стерлинг: Не можев ништо да направам (ВИДЕО)

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни