Поврзете се со нас

Англија

Шмајхел му се нафрли на Тен Хаг, но и на еден стартер: Тој беше пребавен, играчите на Сити правеа што сакаат со него

Објавено

на

Foto:instagram.com/pschmeichel1

Манчестер Јунајтед беше надигран од Сити во големото дерби и повторно не пронајде сили да му парира на актуелниот англиски и европски шампион, па иако најкритикувани играчи беа Бруно Фернандеш и Антони за нивниот однос на теренот, Питер Шмајхел ја посочи најслабата алка на друг дел од теренот.

Легендарниот голман на Јунајтед не е премногу импресиониран од последното летно засилување на Ерик Тен Хаг, бидејќи според него Софијан Амрабат не е ниту одблиску подготвен за темпото и брзината со која се игра во Премиер лигата.

Шмајхел потенцира дека Амрабат бил пребавен за ѕвездите на Манчестер Сити, па тоа отворало голем простор во средниот ред и лесен проток на топката на неговиот дел од теренот.

– Интересно беше да се слушне Тен Хаг. Тој порача дека планот за игра бил добро спроведен во првото полувреме. Не знам за кој план зборува, не знам кој натпревар го гледал, но не се согласувам со него.

– Тој направи промена уште на полувреме, па со тоа самиот си покажа дека нешто не функционира во средината. Амрабат беше далеку од брзината на сите играчи на Сити, тој беше пребавен и можеа да прават што сакаат со него. Но, не е само тоа. Видов и некои други мали работи на теренот, играчите не трчаат еден за друг и затоа сум загрижен за овој тим на Јунајтед, – изјави Шмајхел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни