Поврзете се со нас

Англија

Шмајхел ја посочи големата грешка на Јунајтед: Не можам да сфатам зошто го продадоа (Фото)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед феноменално одговори на првиот гол кој го постигна Станислас на „Олд Трафорд“ ова попладне, па во продолжение испука „петарда“ во мрежата на Бурнмаут и се искачи на четвртото место на табелата во Премиер лигата.

„Ѓаволите“ победија со 5:2 и легендарниот Питер Шмајхел долови како од дома ужива во триумфот на тимот кој го предводи Оле Гунар Солскјер, но исто така не пропушти да посочи и една трансфер грешка на неговиот поранешен клуб.

Шмајхел откри дека напоредно го гледа и натпреварот на Лестер кој славеше со 3:0 против Кристал Палас, а во дадениот случај не ја коментираше партијата на својот син, туку онаа на Џони Еванс кој во 2015-та година беше ослободен од Јунајтед.

– Исто така го гледам Лестер и покрај тоа што го сакам што игра заедно со мојот син, не можам да сфатам зошто Манчестер Јунајтед продаде квалитетен играч како Џони Еванс.

– Гледајќи го секој меч на Еванс, не гледам многу подобри од него во Премиер лигата. Фантастичен дефанзивец, фантастичен лидер и перфектен менталитет!!!, – порача Шмајхел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни