Поврзете се со нас

Англија

Шмајхел издвои еден играч кој сака веднаш да го види во дресот на Јунајтед (ФОТО)

Објавено

на

Питер Шмајхел имаше значајна улога во успесите, титулите на Манчестер Јунајтед во последната деценија на минатиот век.

Тој дојде од Брондби и се наметна кај тренерот Сер Алекс Фергусон, па во периодот од 1991 до 1999 година беше дел од тимот кој освои пет пехари во Премиер лигата, трипати триумфираше во ФА Купот, во четири наврати го освои Комјунити (Черити) Шилд, додека по еден триумф имаше во англискиот лига Куп, европскиот Супер Куп и ЛШ.

Поради сето ова името на Питер тежи на „Олд Трафорд“, поточно неговото мислење се цени, па така можеби управата и тренерот Оле Гунар Солскјер ќе го послушат за трансфер советот.

Името Данецот имаше задача да посочи еден играч кој сака да го види сега во Јунајтед-неговиот избор беше ѕвездата на Тотенхем, Хеунг-Мин Сон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни