Шмајхел го пронајде херојот на дербито: Тој нема да биде на насловните страни, но беше неверојатен!

piter-mikrofon

Манчестер Јунајтед се прикажа во навистина извонредно издание на вчерашното гостување на „Итихад“, но во ситуација кога најголем дел од заслугите и пофалбите заминаа на адреса на Маркус Рашфорд кој игра во страшна форма, легендарниот Питер Шмајхел одлучи да потенцира едно друго име кој вистина е дека никој не го спомена.

Реално гледано, Јунајтед беше извонредно тимски подготвен за ова дерби и со одличната поставеност и брзите против напади му нанесе сериозна штета на англискиот шампион, но според Шмајхел, клучна била добрата игра во одбраната, а во таа смисла, одлучи посебно да го истакне Даниел Џејмс.

– Некој што нема да биде на насловните страни е Даниел Џејмс. Беше неверојатен, ја бркаше секоја топка, тој беше активен во секој контра напад, но истовремено, го дуплираше Ван Бисака и помагаше во одбраната. Рајан Гигс сигурно е среќен што еден негов играч игра толку добро. Тој го игра секој меч оваа сезона, Јунајтед доби фантастично засилување во него, – потенцира Шмајхел и додава.

– Ова е голема недела за овие момци. Го победија Тотенхем, а сега и Сити. Тоа сигурно ќе значи нешто за нив. Тактички беа перфектни и нанесоа штета со тоа што ја искористија слабоста на Сити. Сити е 14 бода зад Ливерпул поради тоа што не знае да се брани, тоа е толку едноставно и толку очигледно, – завршува легедарниот голман.

Facebook Коментари