Поврзете се со нас

Европски првенства

Шмајхел гневен: 23 години сум во фудбалот, но……..

Објавено

на

Foto: instagram.com/fodboldbillederdk

Данска прва постигна гол на натпреварот во Дортмунд и ги шокираше германските фанови на трибините, но за среќа на домаќините, погодокот беше поништен поради милиметарски офсајд.

Првата ВАР реакција спречи студен туш на трибините на „Сигнал Идуна парк“, а веќе во следната акција повторно се активираше технологијата, и повторно во корист на Германците.

Центаршутот од левата страна заврши во раката на Андерсен и Оливер по проверката покажа на белата точка, па од тука почна победничкиот пат на „панцирите“ кои на крајот славеа со 2:0.

Текот на настаните на вчераршното осминафинале дефинитивно предизвика големо незадоволство кај Данците, особено поради случајниот контакт со топката кој го имаше Андерсен во ситуацијата која беше означена како пенал.

– Кај нас владее разочарување, бес и нервоза. За жал, таков стана деенешниот фудбал. Во професионалниот фудбал сум 23 години и се уште не ги знам правилата. Ако е офсајд е офсајд, мора да и веруваме на технологијата, но досудениот пенал……

– Навистина не знам што може да направи играчот со раката во ситуација кога трча. Сите фудбалски маргини беа на нивна страна. Фудбалот и здравиот разум веќе не одат заедно, фудбалот и здравиот разум не одат во иста реченица, – изјави данскиот голман Каспер Шмајхел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни