Поврзете се со нас

Лига на нации

Шмајхел ги преплаши фановите со својата реакција откако доби удар со колено во главата (Видео)

Објавено

на

Данската фудбалска репрезентација на крајно драматичен начин стигна до трите бода против Исланд, триумф со кој успеа да остане во игра за првото место во групата во која лидер е Белгија.

Кристијан Ериксен ја презема одговорноста во 92-та минута и прецизно го изведе пеналот за 2:1 и победа на неговата селекција, исто како што беше случајот и во првото полувреме кога играчот на Интер донесе водство од 11 метри.

Ериксен се издвои како херој во значајниот триумф на Данците, но од друга страна пак, Каспер Шмајхел ја исплаши јавноста и фановите во ситуација кога беше жртва во еден незгоден судир.

Една обична интервенција во сопствениот шеснаесетник се претвори во голем проблем за Шмајхел, бидејќи во моментите кога ја фаќаше топката, Гудмундсон налета на него со коленото и го удри во глава. За момент се доби впечаток дека Шмајхел е во бессознание и експресно доби помош од лекарите, а потоа беше заменет за време на паузата и не го одигра второто полувреме.

– За време на одморот, сфативме дека не е потрбен никаков ризик и дека тој не треба да продолжи. Изгледаше подобро по крајот на мечот, но ќе видиме што ќе кажат тестовите кои ќе му бидат направени. Се надеваме дека нема ништо сериозно, – изјави селекторот на Данска, Каспер Хјулманд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни