Поврзете се со нас

Англија

Шмајхел ги нападна навивачите кои влетаа на „Олд Трафорд“: Глупави идиоти кои сакаат само проблеми

Објавено

на

Поранешниот легендарен голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел ги нападна протестирачите кои влегоа на „Олд Трафорд“ во текот на вчерашниот ден со што спречија да се одигра дерби пресметката со тимот на Ливерпул.

Стотици бесни фанови протестираа против семејството Глејзер кое не е најомилено меѓу навивачите, а последно гневот на фановите го навлекоа со настојувањето клубот да учествува во европската Супер лига.

И покрај тоа што фановите кои протестираа добија поддршка од голем број поранешни играчи, Шмајхел ги нарече навивачите идиоти кои би можеле да донесат големи проблеми за клубот.

– Не верувам дека тоа беа оние „дај хард“ фанови. Мислам дека тоа се глупави идиоти кои сакаат да прават само проблеми. Никој од нив нема да ги запомни добрите времиња на клубот. Некои од нив дури не беа ни родени кога семејството Глејзер го презеде клубот.

– Вистинските фанови ќе продолжат да го искажуваат своето мислење, но тоа ќе го прават на соодветно ниво. Не бидете глупави поради тоа. Не барајте нешто што не е реално. Продолжете да правите притисок, продолжете ги идеалите, но на поинаков начин.

– Тоа што го научивме претходните две недели е дека ако останеме заедно и ако им покажеме на нашите противници дека не се согласуваме со нивните идеи, како голема група, тоа ќе има ефект. Мислам дека фудбалот, не само Манчестер Јунајтед е на една голема раскрсница во овој момент, -изјави Шмајхел.

Ваквата изјава на Шмајхел не беше најдобро прифатена од навивачите кои посочија дека некогашниот голман на клубот застанал во одбрана на семејството Глејзер. Инаку, зборовите на Шмајхел ќе имаат тежина доколку се остварат најавите за жестоки казни кон Манчестер Јунајтед по истрагата која ја спроведуваат од ФА и од Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни