Поврзете се со нас

Англија

Шмајхел: Фергусон ми најави дека ќе бидам отпуштен по едно реми со Ливерпул

Објавено

на

Данскиот голман Петер Шмајхел наскоро ќе објави автобиографска книга, а англиските медиуми објавија еден интересен сегмент во кој се зборува за односот со Алекс Фергусон додека беше дел од Манчестер Јунајтед.

Легендарниот менаџер беше познат по трофеите, но и „фен третманот“ кој го добивале фудбалерите доколку го налутиле за време на натпревар, а Шмајхел открива дека ќе заработел отказ по една таква ситуација.

Данецот бил на удар на Сер Алекс по ремито со Ливерпул во 1994 година, што значи многу порано од кулминацијата на успесите на неговата генерација.

– Мислам дека не постоеше некој кој го мразеше Ливерпул повеќе од менаџерот. Толку се лутеше на грешки во дуелите со нив, па по оваа средба се концентрираше на мене.

– Ме нападна поради различни работи, моите уфрлувања завршувале кај дефанзивците на Ливерпул, различни работи, а два дена подоцна ме викна во канцеларијата и ми кажа дека ќе ме отпушти.

– Јас се извинив и заминав, а потоа пред почетокот на тренингот им се извинив на соиграчите за направените грешки. Фергусон веројатно го слушна тоа од својата канцеларија и не ја исполни својата најава за отказ, – открива Шмајхел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни