Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Шмајхел брутално ги „поздрави“ навивачите на Сити за сликата која ја оставија во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/pschmeichel1

Питер Шмајхел е само една од фудбалските легенди кои се дел од програмата на „Си-Би-Ес“, а вчера како експерт кој беше на теренот на „Итихад“, имаше една сериозна забелешка за навивачите на Манчестер Сити.

Иако кариерата ја заврши во Сити, Данецот е жива легенда на Манчестер Јунајтед и секогаш ја бира црвената боја пред сината, па со вчерашната изјава за атмосферата на „Итихад“ само ја потврди оваа теорија.

Шмајхел беше навистина брутален за тоа што го искусил на „Итихад“ и нагласи дека атмосферата била целосно мртва на трибините, нешто што не е својствено за елитен натпревар од Лигата на шампиони.

Питер посебно му се обрати на Мика Ричардс кој е страствен фан на Манчестер Сити, а го предизвика и да излезе од студиото и да ја согледа реалната ситуација на трибините.

– Сакам добар фудбал и сакам возбуда на трибините, но денеска беше мртво. „Итихад“ беше целосно мртов. Нормално очекувате да има добра атмосфера во вакви европски ноќи……, – гласи дел од обраќањето на Шмајхел.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни