Англија
Шмајхел без влакна на јазикот: Некои играчи треба да се засрамат, мораа да ја победат Севилја со 5-0

Манчестер Јунајтед беше во одлична можност со сигурна победа да го заокружи првиот меч со Севилја во Лига Европа, но самиот финиш на средбата на „Олд Трафорд“ донесе два автогола со кои шпанскиот преставник се избори за реми од 2-2.
Ваквиот епилог дефинитивно беше големо разочарување, шок како за играчите, навивачите така и за дел од легендите, сегашни аналитичари како што е Питер Шмајхел. Данецот кој осум години беше неприкосновен на голот на премиерлигашот во последната деценија на минатиот век смета дека некои играчи мора да се засрамат од својот настап, односно тој не може да разбере како Јунајтед не успеал да слави со 5-0.
-Неколку играчи денес треба да се погледнат себеси и да размислат дали доволно придонесуваат за тимот. Постојат неколку играчи кои треба да бидат засрамени со своите настапи.
-Де Хеа играше добро, имаше две фантастични одбрани, не можеше да направи ништо за головите. Го задржа Јунајтед во водство. Најдобра играч беше стрелецот на двата гола, Сабицер беше многу добар. Неговите соиграчи го изневерија. Тој го покажа патот и тие не го следеа. Ова можеше и требаше да биде победа од 5-0, -порача Данецот за „Би-Би-Си Радио 5“
-
Англијапред 12 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 12 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 22 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 12 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Балканпред 24 часа
Играчите на Галатасарај подготвиле специјален пенал, Икарди се посрамоти за сите пари (ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него