Македонија
Шкупи запрен во Кавадарци, Гостивар ја потврди кризата на Брера

Составот на Шкупи не успеа да ја продолжи победничката серија во Првата македонска фудбалска лигата или поточно мораше да се задоволи само со бод во соочувањето со Тиквеш во Кавадарци.
Поранешниот македонски првак влезе во овој дуел со три триумфи во низа и со желба да дојде до четвртата, меѓутоа немаше сили за тоа и одигра само 1-1 со Тиквеш кој секогаш е незгоден ривал кога игра пред своите гледачи.
Двата гола паднаа во првиот дел, првиот беше дело на Спахиу, вториот на Воша.
АП Брера пак е во сериозна криза и тоа го потврди Гостивар кој славеше во Струмица со голот на Кехинде во 15. минута.
Струмичани се без триумф од месец август и притоа имаат дадено само еден гол и тоа против Силекс.
Во другите пресметки Брегалница го доби Работнички со 2-1, а Воска Спорт славеше со Македонија Ѓорче Петров со 2-1.
-
Англијапред 16 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 18 часа
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Шпанијапред 24 часа
Белингем: Летам на теренот, но знам дека го разочарувам Анчелоти во еден аспект
-
Светпред 20 часа
Емотивен крај: Суарез постигна гол на последниот натпревар за Гремио и го прослави во стилот на Меси (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 21 час
Конкуренција за Гарначо: Тривела-магија во Англија се издвојува како сериозен кандидат за „Пушкаш“ наградата (Видео)
-
Англијапред 4 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Италијапред 22 часа
Де Лаурентис лудувал по поразот од Интер: Ова е грабеж!