Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи: Судијата Стојчевски си ја заврши работата, Вардар победи со гол од офсајд (Видео)

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkupi1927

Големото дерби меѓу Вардар и Шкупи донесе навистина офанзивен и атрактивен фудбал на двете страни, но за жал, и оваа пресметка доби една „црна дамка“ поради спорната ситуација од 83-та минута.

Од прв момент се доби впечатоко дека голот на Мицевски за 3:2 е во најмала рака сомнителен поради недозволена позиција, а Шкупи сега се јави со видео докази и материјали кои ја потврдуваат оваа ситуација.

Овој епилог е уште поконтроверзен поради фактот што Шкупи како клуб бараше промена на судијата за денешното дерби, алудирајќи на тоа дека Игро Стојчевски веќе во повеќе наврати го има оштетено клубот од Чаир.

– Она што го предупредивме, на крајот се случи. Главниот судија, со име и презиме, Игор Стојчевски, си ја заврши работата. Уште пред натпреварот ги предупредивме сите дека овој судија не е способен да суди ваков натпревар и дека веќе долго време е непосакуван од нашиот клуб.

– Сепак, никој не го сфати сериозно барањето на нашиот клуб. Се беше наместено, исто како што другите сакаа да се случи. Станува збор за таа 83-та минута, кога сите видоа дека Мицевски е во офсајд позиција, но не и омилениот судија на некои други клубови. Деталните објаснувања и одлуки за оваа ситуација ќе ги изнесеме утре пред јавноста, – порачаа од Шкупи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни