Поврзете се со нас

Лига Европа

Шкупи, Струга и Силекс ги дознаа своите противници во новоформираното натпреварување на УЕФА

Објавено

на

Покрај Лигата на шампионите и Лигата на Европа, УЕФА во новата сезона го збогати фудбалот на стариот континент со уште едно натпреварување, од кое дел во квалификациите ќе бидат и три македонски тима.

Конференциската лига на УЕФА е новоформирано натперварување во кое ќе учесвуваат тимовите со понзиок рејтинг во домашните натперварувања, а македонските претставници ова попладне ги дознаа своите противници во воведната квалификациска рунда.

Шкупи, Струга и Силекс добија ривали за новото натпреварување, а интересно е тоа што сите македонски тимови ќе отворат како домаќини на првиот од двата предвидени меча.

Шкупи го доби за противник косовскиот клуб Љапи, Струга ја чека двомеч со летонска Лиепаја, додека Силекс кој е нов второлигаш во Македонија, ќе се обиде да го мине првото европско коло против Петрокуб Хинчести од Молдавија.

Првите натпервари се играат на 8-ми јули, а реваншите се закажани една недела подоцна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни