Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи стартуваше со победа во обидот да ја одбрани титулата во ПМФЛ

Објавено

на

Поради европските обврски, Шкупи беше ослободен во првото коло во Првата македонска фудаблска лига, па затоа одбраната на титулата ја стартуваше од второто.

Тимот од Чаир мораше да се помири со елиминација од Шамрок Роверс, но денеска покажа дека ќе биде тимот кој ќе треба да се победи во најсилното друштво во Македонија.

Во дуелот со Македонија Ѓорче Петров, за Шкупи не претставуваше проблем тоа што имаше европски предизвик во текот на неделата, па победи со резултат 2:1 и ги освои првите три бода во новата сезона.

Гостите од Ѓорче Петров одолеваа во првите 45 минути и ја сочуваа својата мрежа, но сепак во второто полувреме примија два гола, пред да постигнат почесен за 2:1.

Стрелци беа Трапановски и Цефас за домашниот тим, односно Скендери за гостите од Ѓорче Петров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни