Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkupi1927

Фудбалскиот клуб Шкупи се огласи со официјално соопштение и пред неколку часа пренесе дека состојбата на фудбалерот Андреј Лазаров е стабилна, но за жал, ова попладне пристигна најлошата можна информација 25-годишниот фудбалер.

Членот на Шкупи бил присутен на концертот во Кочани во кој загинаа над 50-тина македонски државјани, па иако последната вест од Шкупи беше охрабрувачка, најновата вест е дека Лазаров подлегнал на повредите во болницата во Штип.

– Иако претходно имавме информации од неговото семејство дека е во стабилна состојба, со длабока болка и огромна тага ја споделуваме веста дека нашиот фудбалер, Андреј Лазаров, е потврден како една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во текот на ноќта во Кочани.

– Како голема херојска душа, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задушил од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент.
Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце.

– Ова е огромна загуба за нашиот клуб, за неговите соиграчи и за целата фудбалска заедница. Зборовите се мали за да ја опишат болката што ја чувствуваме во овие моменти, во оваа трагедија – една од најголемите во која е погодена нашиот клуб во неговата историја.

– ФК Шкупи изразува најискрено сочувство до неговото семејство, неговите блиски и целото големо семејство на нашиот клуб. Андреј беше дел од Шкупи само шест месеци, но неговото име засекогаш ќе остане неизбришлив дел од нашиот тим. Споменот за него ќе живее вечно во нашите срца, – гласи соопштението на Шкупи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни