Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи со немилосрдно издание го уништи Пелистер, „пандевци“ го добија трилерот со Тиквеш

Објавено

на

Шкупи претрпе пораз од разиграната Македонија Ѓорче Петров во минатото коло, но денеска, избраниците на Гоце Седлоски сиот свој бес го истурија врз Пелистер и се покажаа во немилосрдно издание.

Тимот од Чаир на домашен терен ги уништи гостите од Битола со убедливи 5:0 и се врати на победничките патеки во домашното првенство, одржувајќи ја предноста од четири бода разлика на првенствената табела.

Цветаноски беше херој во првиот дел и постигна два гола, Маркоски исто така се запиша во листата на стрелците и на паузата беше 3:0, по што беше јасно дека бодовите остануваат во Скопје.

Во вториот дел, Ѓорѓиевски брзо погоди за 4:0, а во завршницата, конечниот резултат го постави Чешмеџиев кој ја потврди уверливата победа на домаќините.

На останатите средби во Првата македонска фудбалска лига, Академија Пандев го доби трилерот со Тиквеш и победи со 3:2, откако мораше да дојде до трето водство за да ги осигура трите бода. Два гола постигна Мирчевски и еден Радиќ за домаќините, додека стрелци за Тиквеш беа Каракамишев и Нгоба.

Шкендија со „минималец“ ја победи Брегалница 1:0 и го слави името на Кривак, Борец претрпе тежок пораз од Ренова на домашен терен (1:4), а Струга со 1:0 беше подобра од Работнички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни