Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи сигурен во скопската пресметка, Струга повторно немаше решение за „лавовите“

Објавено

на

Фудбалерите на Шкупи го потврдија статусот на фаворити и издвојуваа сигурна победа над Работнички од 3-1 во денешната битка од 23.коло во Првата македонска лига.

Ова за актуелниот шампион беше прв меч во Чаир по подолго време (беше казнет), а во истиот имаше одлично прво полувреме во кое погодија Бајрами Куевен и Цефас, додека пак на спротивната страна мајсторски реализираше Мазари.

Со овој триумф избраниците на Седлоски дојдоа на минус два во однос на лидерот Струга кој во уште една пресметка со Македонија Ѓорче Петров остане без победа. Како и на претходната битка и овојпат немаше погодоци.

На другите две средби Шкендија беше подобра од Академија Пандев со 2-1, а расположената Брегалница ја суреди Победа со 4-0.

Вчера Силекс го доби Скопје со 3-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни