Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи се засили со талентиран играч од Гана

Објавено

на

foto: fcshkupi.com/

Поранешниот македонски шампион Шкупи веќе влече потези на трансфер пазарот на кој вчера го обезбеди потписот на Дарко Додев, додека пак денеска го официјализираше трансферот на младиот Клемент Анса.

Захов си замина од Шкендија, Додев потпиша за Шкупи

Се работи за интернационалец од Гана кој има 19 години и кој треба да биде освежување на средината на теренот.

-Чест и привилегија е да се биде дел од овој неверојатен тим. Од моментот кога влегов во овој клуб, бев трогнат од вистинската топлина и гостопримство што ги покажаа играчите и стручниот штаб. Очигледно е дека Шкупи не е само тим, туку семејство кое се прегрнува и поддржува на секој чекор од патувањето. Полн сум со возбуда и ентузијазам да го започнам ова ново поглавје од мојата фудбалска кариера. Целосно сум посветен да дадам се од себе на секој тренинг и секој натпревар, со единствена цел да му помогнам на нашиот тим да обезбеди победи и да ги донесе дома трофеите што сите ги посакуваме, -порача африканецот кој потпиша тригодишен договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни