Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи се засили со добро познато име: Имери се врати во Чаир

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/fcshkupi1927

Омар Имери е фудбалски продукт на младинската школа на Шкупи и добро го познава клубот од Чаир, во кој денеска и официјално се враќа по пауза од три и пол години.

Крилниот фудбалер ќе биде големо засилување за Шкупи во обидот да се одбрани предноста на табелата и да се стигне до титулата во вториот дел од сезоната, а во наредните шест месеци ќе настапува како позајмен фудбалер од Бодрумспорт.

Шкупи преку официјално соопштение не го криеше огромното задоволство за кам-бекот на офанзивниот фудбалер, кој по речиси четири години, повторно го облекува сино-белиот дрес.

– Посебно е чувството и среќен сум што се враќам во Шкупи, еден од клубовите со најголема традиција во земјава. Му благодарам на клубот за укажаната шанса. Тимот има многу квалитет и талентирани играчи, па мое е да дадам се од себе и да ги оствариме целите на клубот до крајот на сезоната, – изјави Имери.

Имери има одиграно 72 натпревари во Првата македонската фудбалска лига, во која пред оваа нова авантура има постигнато 16 гола и 7 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни