Лига Европа
Шкупи се пожали за неетичкиот третман од Ирците: Вакви евтини финти треба да минат со казна (Фото)

Шкупи вечерва ќе го игра првиот натпревар против Шамрок Роверс во третото квалификациско коло во Лигата на Европа, пред кое македонскиот првак се јави со офцијално соопштение и се пожали за добиениот третман во Ирска.
Новиот македонски шампион обвинува дека домаќинот постапил крајно неетички и се погрижил за комплицирање на престојот во Ирска, па сега им најавија дека такви финти нема да им пројдат вечерва на теренот во Даблин.
– Срам за нашиот тим во Ирска! Нашиот тим е попречен од нормално функционирање на непристоен и измамнички начин. И покрај нашиот буџет, се обидувавме да им обезбедиме удобен лет на нашите играчи со резервирање чартер лет и да платиме илјадници евра за да се увериме дека нашите играчи можат да пристигнат со добро здравје.
– Но, ирксата влада не ја послуша УЕФА. И покрај интервенцијата од УЕФА, не слетаа на аеродром оддалечен 300 километри од Даблин. Исто така, по натпреварот ќе треба да се враќаме 300 километри и ќе летаме од таму. За жал, тоа не му е направено на ниту еден друг тим освен на македонскиот тим. Бараме од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија барем вечерва да организира враќање од Даблин.
– Дополнително, сакаме да им порачаме на Ирците дека треба многу добро да знаат дека имаме тим со силен карактер. Наградата да се биде тим е да одговориш тимски на злото што ти е направено на ист начин, па денес нашиот тим ќе покаже за каков карактер се работи. Како лавови на теренот, ќе покажат дека нема да потпаднат на такви финти, за евтини финти не треба да има место во фудбалот. Не треба да остсанат неказнети, бидејќи сигурно нема да се однесуваа вака со Шпанци, Италијанци, Германци или Аннгличани. Се надеваме дека нашата влада ќе одговори на оваа ситуација, – се вели во соопштението на Шкупи.
-
Формула 1пред 13 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Шпанијапред 14 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 13 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 14 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Англијапред 16 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 7 часа
„Марка“: Каземиро размислува за атрактивната понуда која ја добил
-
Англијапред 23 часа
Нуњез се огласи и ја испрати првата порака по ударот со глава за црвен картон (ФОТО)
-
Англијапред 9 часа
Мурињо беше во право: Говорот на Жозе и советот до Деле Али (ВИДЕО)