Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи рутински славеше во дербито против Вардар, Шкендија едвај го скрши отпорот на Пелистер

Објавено

на

Шкупи претрпе непријатен пораз од Работнички минатиот викенд, но затоа денеска оствари успех против вториот градски ривал од Скопје, или поточно во големото дерби кое се одигра во Чаир.

Домашниот тим ја оправда огромната фаворитска улога во ситуација кога искажува шампионски амбиции, бидејќи подмладениот тим на Вардар денеска едноставно не можеше да парира против посилниот противник кој на крајот стигна до рутинирана победа.

Резултатот беше отворен во 29-та минута кога погоди Реџиналдо за свој првенец во дресот на Шкупи, а прашањето околу победникот по силните напади беше решен во вториот дел. Глигоров испрати еден неодбранлив удар по еден мини соло продор и со левата нога ја погоди мрежата на Вардар, погодок со кој Шкупи го осигура враќањето на победите.

За разлика од Шкупи, Шкендија едвај успеа да дојде до победа на својот денешен меч, бидејќи го скрши отпорот на Пелистер дури во самата завршница од натпреварот.

Нафиу погоди во 87-та минута за златно вреден гол за тетовските „црвено-црни“, погодок со кој Шкендија остана на плус седум во однос на Шкупи.

На преостанатите три натпревари, Силекс ја победи Македонија со 0:3 во Ѓорче Петров, Борец ја победи Беласица со 1:0, а Струга и Ренова одиграа без голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни