Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи ремизираше во Кавадарци, одбраната на титулата станува невозможна мисија

Објавено

на

Шкупи ја започна оваа сезона со големи амбиции и со цел да ја одбрани шампионската титула, но како што стојат работите во овој момент, тимот од Чаир е се подалеку од такво остварување.

Од една страна поради добрата форма на Струга и Шкендија, но од друга и поради лошите изданија во овој втор дел од сезоната, во кој не влијаеше позитивно ниту тренерската смена.

Актуелниот првак не успеа да победи и денеска против Тиквеш, па откако „заглави“ во Кавадарци и одигра само 0:0, сега има седум бода помалку од првопласираната Струга, односно четири од Шкендија.

За разлика од Кавадарци каде не видовме голови, на другите три средби имаше погодоци, по еден во Прилеп и Кратово и два во престолнината.

Скопје и Академија Пандев ремизираа 1:1, Победа загуби од Работнички 0:1, додека Силекс славеше над Македонија Ѓорче Петров со 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни