Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи раскина со напаѓачот кој го доведе пред само два месеци

Објавено

на

Шкупи донесе еден куп засилувања во пресрет на летните европски предизвици, кои откако завршија неуспешно, резултираа со една тешка одлука од човекот кој го направи тимот македонски првак.

Гоце Седлоски одлучи да поднесе оставка на позицијата шеф на стручниот штаб, а набрзо по неговото заминување, си оди и играчот кој дојде пред два месеци.

Антонио Каланоски беше еден од 11-мината фудбалери кои беа претставени како нови засилувања пред настапите во Европа, но искусниот напаѓач експресно си заминува од Чаир и нема да ја доигра сезоната која штотуку започна.

– Нашиот клуб соопштува дека ја прекина соработката со напаѓачот Антонио Каланоски.

– Договорот за раскинување на соработката беше билатерален, клубот му се заблагодарува за придонесот на фудбалерот и му посакува многу среќа во следните предизвици.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни