Шкупи прими втор гол во завршницата, Џерард успешно дебитираше на преполниот „Ајброкс“ (Видео)

marfi-skupi

Ждрепката за квалификациите во Лига Европа предвидоа пресметка меѓу Шкупи и Ренџерс, а првиот меч кој оваа вечер се одигра на преполниот „Ајброкс“ имаше двојно значење за навивачите на великанот од Глазгов, не само поради планираната победа, туку и поради дебито на Стивен Џерард на еден официјален меч.

Ренџерс беше подобар во текот на целиот меч и создаде многу шанси и за поубедлива победа, но сепак мора да се напомене дека македонскиот претставник имаше минимална негатива од 1:0 до самата завршница кога беше досуден пенал. Првиот гол беше постигнат во првиот дел од страна на Марфи во 23-та минута, а Шкупи по вторпат потклекна во втората минута од судиското надополнување на регуларните 90 минути.

Одговорноста ја презема Таверние, а со својот гол им овозможи доста помирен реванш на Шкотлаѓаните и воедно ја осигура првата победа на Џерард како тренер на Глазгов Ренџерс.

Facebook Коментари