Македонија
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани

Трагичниот настан во дискотека во Кочани одзема многу млади човечки животи, а неколку стотина присутни заработија полесни и потешки повреди.
Меѓу присутните во дискотеката бил и фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров, кој за среќа не е во животна опасност, иако заработил изгореници и повреди и се наоѓа на интензивна нега.
Последните информации велат дека 25-годишниот Лазаров бил хоспитализиран во болницата во Штип.
Фудбалскиот клуб Шкупи потврди дека Лазаров не е во животна опасност, му посака брзо закрепнување и изрази сочувство до фамилиите и најблиските на трагично починатите во оваа голема трагедија која ја шокираше Македонија.
– Најпрво ве известуваме дека нашиот фудбалер Андреј Лазаров е надвор од животна опасност, иако се наоѓа на интензивна нега, откако се здоби со изгореници на делови од телото во пожарот и големата трагедија што се случи во текот на ноќта во Кочани.
– Оваа информација ја потврдивме откако контактиравме со неговото семејство и роднините. На Андреј му посакуваме брзо закрепнување и враќање меѓу нас.
– Во ова тешко време, изразуваме најдлабоко сочувство за сите 51 загинати животи во оваа трагедија. Нашите срца се со семејствата на жртвите и со целата наша земја. Се надеваме дека ваквите трагедии никогаш повеќе нема да се повторат, – стои во соопштението на ФК Шкупи.
ОБНОВЕНА ВЕСТ:
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Италија23 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија12 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија7 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија11 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија21 час
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите
-
Шпанија23 часа
Флик по драматичната победа над Селта: Посебно сум среќен поради една работа
-
Лига на шампиони12 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Шпанија8 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)