Македонија
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)

Андреј Лазаров беше една од 59-те млади личности кои трагично го загубија животот во „дискотеката на смртта“ во Кочани, а првиот работен ден по седумдневната жалост која беше актуелна во нашата земја донесе една благородна вест од неговиот фудбалски клуб.
Шкупи со огромно жалење и тага ја прифати веста за прераната смрт на 25-годишниот фудбалер кој го загубил животот во обид да им помогне на што поголем број настрадани, па сега со цел да го оддржи неговиот спомен, реши да го повлече дресот со број „77“.
Покрај оваа одлука, клубот од Чаир ја информираше јавнсота дека Лазаров ќе остане на платниот список на клубот до последниот ден од важечкиот договор, што значи дека сите средства ќе бидат предадени на неговото семејство.
– ФК Шкупи донесе одлука да го повлече од употреба дресот со број 77, кој беше носен од Андреј Лазаров сè до неговото прерано заминување од овој свет. Ова е еден мал гест од наша страна, во знак на почит и благодарност за неговиот придонес во клубот.
– Исто така, клубот одлучи неговото семејство да ги добива сите плати според важечкиот договор што Лазаров го имаше со ФК Шкупи. Андреј Лазаров засекогаш ќе остане дел од историјата на ФК Шкупи, а овие одлуки донесени од раководството се мал знак на почит за оддавање чест во негово сеќавање, – гласи објавата на клубот.
-
Свет21 час
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија19 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија17 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија18 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
Италија20 часа
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА16 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА6 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија19 часа
Варди им се извини на фановите: Лестер имаше засрамувачка сезона