Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи подобар од Работнички за враќање на првото место во ПМФЛ

Објавено

на

Шкупи го победи Работнички со 2:0 во денешното скопско дерби на Првата македонска фудбалска лига, а со овие три бода се врати на врвот на табелата.

Домаќините поведоа преку Сандеј Адетунџи уште во 10. минута, а победата ја потврдија со погодокот на Кристијан Трапановски од 73. минута на овој дуел.

До крајот, Шкупи не дозволи Работнички да ја врати неизвесноста и стигна до важна победа во соочувањето со директен ривал за највисок пласман во првенството.

Со денешната победа, Шкупи стигна до 20 бодови, два повеќе од Ренова, односно пет повеќе од Академија Пандев и Работнички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни