Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи подобар од „лавовите“, „гипсарите“ му земаа мерка на шампионот

Објавено

на

Екипата на Ренова го направи најголемото изненадување на средбите од второто коло во Првата македонска фудбалска лига.

Избраниците на Ќатип Османи успеаа да слават над актуелниот шампион Шкендија со 2-1. „Гипсарите“ само ја потврдија кризата во редовите на „црвено-црните“ кои имаа лош настап на европската сцена, потоа ремизираа со Тиквеш на стартот на сезоната за да сега загубат од клубот од Џепчиште.

Јусуфи и Селмани ја донесоа Ренова до водство од 2-1, додека единствениот гол за домаќините беше дело на Дориев.

Скопската пресметка меѓу Шкупи и Македонија Ѓорче Петров им припадна на чаирчани со 2-0. Фаустин и Алварез беа творци на триумфот на четата на Гоце Седлоски.

На останатите терени Борец беше подобар од Тиквеш со 2-1, Скопје и Брегалница одиграа без голови, а пак Струга со 1-0 беше подобра од Пелистер.

Ова коло се затвара вечерва со мечот од 20 часот меѓу Академија Пандев и Работнички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни