Шкупи победнички ја затвори групата во Скопје и обезбеди пласман во главните квалификации за ЛШ

skupi-Daugavpils

Најдобриот македонски футсал состав Шкупи обезбеди пласман во главните квалификации во Лигата на шампионите.

Македонскиот претставник успеа да ги добие сите три натпревари на турнирот во Скопје во СРЦ „Кале“ и да заврши на првото место во групата Б во конкуренција на Кардиф, Енкамп и Локомотив Даугапилс. Токму овие последниве вечерва беа совладани со 3-2 во еден супер возбудлив меч.

Шкупи поведе со 2-0 преку Сефери и Бериша за да летонците возвратат преку Рашчевискис (2). Конечните резултат го постави Петровиќ во 35 минута од натпреварот.

Facebook Коментари