Шкупи падна во финишот и испушти победа против Пјуник (Видео)

ilieski-skupi

Екипата на Шкупи во супер возбудлив меч одигра нерешено против Пјуник (3-3) на денешното гостување од првото квалификациско коло за пласман во групната фаза на Лигата на Европа.

Скопскиот состав до самиот финиш или поточно до 80 минута имаше два гола позитива, водеше со 3-1, но домаќините имаа одлична завршница и преку Жестоков и Манучарјан  (80 и 85) успеаа да се изборат за големо реми пред реваншот во Скопје кој се игра наредната седмица.

Инаку оваа средба започна со брзо водство на домаќините и тоа во 4 минута со голот на Вардаријан од пенал, меѓутоа потоа на сцена стапија чаирчани, Бајрами и Илиески донесоа пресврт до крајот на полувреме. Потоа во 60 минута Бајрами даде гол од далечина за 3-1, ама и ова водство не беше доволно за победа на тимот на Каран.






Facebook Коментари