Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи немаше „клуч“ за „вратата“ на Силекс, победи за Шкендија и Тиквеш

Објавено

на

Екипата на Шкупи не најде решение за Силекс на денешниот меч кој се одигра во Чаир.

Бранителот на титулата во ПМФЛ важеше за фаворит на оваа средба без разлика што противникот беше подобро пласиран на табелата, меѓутоа избраниците на Седлоски не успеаа тоа да го оправдаа на теренот, немаа „муниција“ и на крајот мораа да се задоволат со реми без погодоци.

Најефикасно беше во Прилеп каде Шкендија како гостин ја доби Победа со 3-1. Ѓурковиќ донесе радост за домаќините, но Дориев (2) и Шаља во преостанатиот дел донесе пресврт и славје за „црвено-црните“.

Тиквеш благодарение на Темелков и Мишов го доби Скопје со 2-0.

Вчера пак Македонија Ѓорче Петров и Струга одиграа без победник 1-1, а Работнички со новиот тренер Илиевски ги освои трите бода против Брегалница во Штип (3-1).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни